Услуги

Gemius


Our Blog post image goes here


Gemius Direct Effect е софтверска платформа за централизиран менаџмент на интернет кампања и за анализа на интернет сообраќајот кој што го генерира кампањата.

Gemius Direct Effect гарантира:

  •    • Независен мониторинг
  •    • Споредливи и унифицирани критериуми при мерењето
  •    • Едноставна употреба
  •    • Можност за следење на целата кампања од едно место
  •    • Соодветно планирање на идни маркетинг кампањи
  •    • Оптимизирање на ефективноста на дадена кампања во реално време
  •    • Frequency Capping – ограничување на бројот на прикажувања на секој поединечен интернет посетител, за да се постигне      оптимум видливост и истовремено поголем досег
  •    • Техничка поддршка

Gemius Branding Effect е платформа за онлајн анкети во Македонија. Препорачливо е пред почетокот и по завршувањето на секоја рекламна кампања да се користи оваа платформа. Gemius Branding Effect овозможува квалитативно мерење на влијанието на кампањата врз интернет корисниците; дава увид во тоа колку луѓето знаат за брендот (brand awareness); како и колку се користи брендот; дава увид во намерите за купување и преференците кон брендот; дава информации кои се однесуваат на имиџот на брендот, и тоа пред почетокот и по завршувањето на имиџ кампањата. Сето ова и е потребно на една современа компанија која сака да успее на пазарот.

Keep An Eye


Our Blog post image goes here


Keep An Eye е еден од првите системи за интернет маркетинг во Македонија. Вашата реклама може да се прикаже на речиси 100 веб сајтови во Македонија, и може да ја видат над 1.000.000 посетители на сајтовите.
Овој начин на реклама е најпогоден за продажни промоции и за информирање на услугите кои ги нудите. Во системот имате можност за менување на рекламите со нови слогани и креативи, и на база на статистиките за успешност да ги поставувате само најуспешните и нејефективните реклами, контрола врз буџетот (зголемување или намалување на буџетот во реално време), заштита од невалидни кликови и интеграција со Google Analytics. Кeepaneye рекламите се, всушност, линкови до веб сајтот или Facebook фан страната на вашата фирма.

Како работи Кeepaneye.mk во пет чекори:

  •    1. Определувате износ со кој сакате да се рекламирате;
  •    2. Ние го претвораме износот во ваш при-пеjд кредит;
  •    3. Ви праќаме корисничко име и лозинка со кои се најавувате на саjтот на Keepaneye.mk;
  •    4. Го поставувате слоганот и/или сликата/логото (доколку е потребно, ви помагаме за составување слоган или избор на        слика, ве обучуваме за користење на софтверот или ја завршуваме техничка и креативна работа за вас)
  •    5. Вашата реклама е веќе на речиси 100 најголеми македонски сајтови, пред 1.000.000 потенцијални купувачи.

Имиџ кампањи


Our Blog post image goes here


За брендирање на вашата компанија или производ, MediaSolutions поставува премиум банери на своите партнерски сајтови. Овој начин на рекламирање е најдобар за промоција на вашиот производ или услуга, иницирање нови продажби, привлекување потенцијални клиенти, како и креирање на имиџ на компанијата.
За секој клиент посебно изработуваме медија план според кој импресиите по сајтови се распределуваат според точно дефинирана таргет (целна) група за вашата кампања. Целта е да се постиглне најголем можен ефект.
Банерите ги пласираме преку нашиот ад-сервер и имаме целосен увид во ефектите на вашата кампања и во реално време ги следиме статистиките.
По завршување на кампањата клиентот добива целосен извештај со детални статистики преку кои можете да се согледа ефектот од кампањата. Се препоручува овие статистики да ги користите во планирањето на вашите наредни кампањи.

Facebook


Our Blog post image goes here


Професионално водење на Фејсбук страница е уште една од услугите на Media Solutions. На прашањето која е првата страница која ја отварате на интернет и на која страница поминувате најмногу време во текот на денот, одговорот најчесто е: Facebook.com. Фејсбук е добар медиум за рекламирање. Но и тој има правила и тајни кои не ги знае секој. За да биде една фан страница поприсутна на Фејсбук треба да се знаат повеќе работи. Како изгледаат постовите што ќе привлечат најмногу вниманието? Како правилно се постира, колку често се постира, како се таргетира, колкава треба да биде должината на текстот, колку е важна содржината, каков треба да биде односот меѓу текстот и фотографијата на еден пост? Ова се само неколку поважни прашања на кои треба да се знае одговорот ако сакате да имате поуспешна рекламна кампања на Фејсбук.
Ако немате одговори на ове прашања, тогаш е подобро да му ја препуштите работа на стручњаци со искуство. Ние во Media Solutions знаеме да го искористиме потенцијалот што го има Фејсбук во најдобар интерес на нашите клиенти.

Google AdWords


Our Blog post image goes here


Доколку сакате другите да ја видат вашата реклама при секое пребарување на Google, MediaSolutions нуди Google AdWords реклами. Рекламирањето на Google е најефикасно средство за директен маркетинг. Google достигнува до повеќе од 1.200.000 македонски интернет корисници и токму затоа со реклама на Google AdWords вие можете да ги опфатите сите ваши потенцијални клиенти кои ги бараат вашите производи или услуги, односно рекламата може да ја видат сите оние кои бараат информации преку Google.
Вашата реклама секогаш ќе биде поставена на првата страница од резултатите на Google пребарувањето на една од првите три позиции на лево или една од осумте позиции на десно.
MediaSolutions ви нуди стручни совети за планирање, спроведување, ефикасно управување и следење на рекламните кампањи, како и за изборот на клучни зборови (keywords). Рекламирањето со Google AdWords вклучува анализа и извештаи за ефикасноста на кампањата и нејзина оптимизација.

Google Display Network и ремаркетинг


Our Blog post image goes here


95% од времето поминато на интернет ни оди во читање на содржини на веб сајтовите. Google Display Network овозможува лесно и ефикасно рекламирање на повеќе од 2 милиони светски веб сајтови, вклучувајќи ги и најпознатите, како: weather.com, nationalgeographic.com, time.com, nbc.com, tumblr.com, tripsdvisor.com и многу други. Google Display Network ви овозможува да привлечете внимание преку директно пласирање на вашите реклами пред потрошувачите. Рекламирањето на овој начин ве издвојува од конкуренцијата.
Целта на Google Display Network е едноставна: вашата порака да допре до вистинските клиенти кога тие се онлајн.
Алатките на Google за контекстуално таргетирање ги поврзуваат вашите реклами со релевантни веб-сајтови. На пример: ако рекламирате производи за козметика, вашата реклама ќе се прикаже на најпознатите светски сајтови во областа на козметиката и убавината. Всушност, системот на Googlе, ги гледа зборовите на содржината поврзани со одредени клучни зборови и ја позиционира реклама. Google Remarketing ја прикажува вашата реклама на корисници кои претходно ја посетиле вашиот веб сајт.
На овие корисници може да им се прикажат реклами приспособени за нив во зависноста од тоа која страница од вашиот сајт ја посетиле. Вашите реклами може да им се прикажат додека посетуваат други сајтови кои се дел од Google Display Network или додека бараат работи на Google кои се поврзани со вашите производи Ремаркетингот е најдобар начин да останете поврзани со вашата целна група. Вашите релевантни реклами и понуди ќе бидат постојано присутни на интернет, а тоа значи дека и вашиот бренд е секогаш присутен и е на врвот на пребарувањата токму кога вашите клиенти се подготвени да купат производ што вие го нудите.

YouTube


Our Blog post image goes here


MediaSolutions нуди и YouTube реклами. YouTube е втор најголем пребарувач во светот, поголем од Yahoo, Bing и Ask заедно. Затоа што има голем досег, YouTube е одлична алатка за пласирање реклами. На YouTube секоја минута се прикачуваат видеа со вкупно времетраење од 100 часа и секој месец се гледаат 6 милијарди видеа. Во Македонија 73% интернет корисници користат YouTube, а 49% YouTube корисници прво ги разгледуваат YouTube видеата за одреден производ или услуга и потоа донесуваат одлука за купување. При огласување на YouTube се наплаќа само за целосно изгледано видео, односно по 5 изгледани секунди од огласот се појавува можност да се прескокне огласот и во тој случај огласот не се наплаќа. За огласите кои се подолги од 30 секунди се наплаќа само во случај кога корисникот ќе изгледа 30 секунди или повеќе. Додека, пак, за огласите пократки од 30 секунди се наплаќа само кога корисникот ќе го изгледа огласот од почеток до крај.

MediaSolutions користи три вида YouTube огласи:

  •    - TRUEVIEW IN-STREAM TrueView in-stream огласот се појавува пред почеток на видеата
  •    - TRUEVIEW IN-SEARCH Тrue View in-search оглас се прикажува како предлог видео во пребарувачот на YouTube
  •    - TRUEVIEW IN-DISPLAY True View in-display огласот се прикажува како предлог видео од десната страна.

TRUEVIEW IN-STREAM TrueView in-stream

No. 1

Огласот се појавува пред почеток на видеата

TRUEVIEW IN-SEARCH Тrue View in-search

Оглас се прикажува како предлог видео во пребарувачот на YouTube

TRUEVIEW IN-DISPLAY True View in-display

Огласот се прикажува како предлог видео од десната страна