За нас

Media Solutions

Media Solutions е македонска дигитална маркетинг агенција.

Ние го познаваме новиот потрошувач, блиски ни се новите начини на комуникација и владееме со новите технологии. Нашиот пристап не е да го прекинеме потрошувачот во она што го работи за да му ја пренесеме пораката, туку да го вклучиме во интеракција со нас. Ние го привлекуваме потрошувачот, го ангажираме и го повикуваме да ги проба производот, услугата, брендот, искуството – во исто време и во ист простор.

Media Solutions верува дека ако нашите клиенти се успешни тогаш и ние сме успешни.

  • РАСКАЖУВАМЕ ПРИКАЗНИ

    Ние во Media Solutions тесно соработуваме со нашите клиенти, ги учиме и ги раскажуваме нивните приказни. Секоја компанија има интересни приказни за своето настанување, за своите производи или услуги, за вредноста што ја добиваат потрошувачите од тие производи или услуги. Раскажете убава приказна и луѓето ќе слушаат.
    Заеднички креираме значајни искуства за клиентите. Ги користиме новите технологии за да му пристапиме на секој поединечен клиент, за да направиме врска кон брендот која што ќе биде силна и долготрајна.
  • ДЕФИНИРАМЕ СТРАТЕГИИ

    Однесувањето на денешните потрошувачи и новите технологии се менуваат со силно темпо, и носат големи предизвици за компаниите. Наша задача е да работиме заеднички со нашите клиенти и овие предизвици да ги претвораме во можности. За таа цел го анализираме бизнисот, брендот, искуството, маркетинг каналите и технологијата и градиме и извршуваме успешни стратегии. Со тие стратегии ја раскажуваме на најдобар начин приказната на нашите клиенти.
  • ГРАДИМЕ БРЕНДОВИ

    Со нашите заеднички приказни инспирираме вистински промени во однесувањето на потрошувачите. Преку новите дигитални канали отвораме конверзации кои што креираат посилна поврзаност меѓу брендот и потрошувачот, поголема свесност на потрошувачите за брендот, поголеми преференци и лојалност.
  • СОЗДАВАМЕ ИСКУСТВА

    Не само што креираме искуства, туку градиме цели светови кои го комбинираат реалното и виртуелното и кои овозможуваат континуирана интеракција меѓу брендот и потрошувачот. На тој начин потрошувачите стануваат дел од нашата приказна, и заедно со нас чекорат низ емоционалните, виртуелните и физичките пејсажи.

Запознајте го нашиот тим

Кристијан Зајаковски

Кристијан Зајаковски

Технички менаџер

Љупчо Ангелов

Љупчо Ангелов

Менаџер за продажба

Наум Апостол

Наум Апостол

Менаџер за корисници